• вторник, 24 декември 2024

Проштална средба на полковник Зоран Јанкович со претседателот на Собранието Џафери

Проштална средба на полковник Зоран Јанкович со претседателот на Собранието Џафери
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има проштална средба со началникот на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, полковник Зоран Јанкович. Како што беше на јавено вчера на свеченото одбележување на една година од полноправното членство на С Македонија во НАТО, како 30-та земја сојузник, оваа канцеларија после две декади успешно остварувајќи ја својата задача, ќе биде затворена. Благодарност за сите во Канцеларијата во изминатите години упатија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк, кој во саботата присуствуваше и се обрати на свеченоста. Нашата земја во 1995 година се приклучи кон програмата на Алијансата - Партнерство за мир, а Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година. Во 1999 година земјата стана кандидатка за членство, кое беше официјализирано лани на 27 март, а само три дена подоцна, на 30 март 2020 знамето на Северна Македонија беше кренато да се вее пред седиштето на НАТО во Брисел со знамињата на останатите држави членки. цр/сп/

Остани поврзан