• понеделник, 23 декември 2024

„Проткаени сеќавања“ изложба на скулптури на Слободан Милошески во Софија

„Проткаени сеќавања“ изложба на скулптури на Слободан Милошески во Софија
Кичево, 19 август 2021 (МИА) - На утрешната изложба во КИЦ во Софија под наслов „Проткаени сеќавања“ со десет скулптури од најновата продукција кои досега не биле изложувани, ќе се претстави еден од најплодните скулптори од помладата генерација Слободан Милошески, скулптор со кичевски корени. Изложбата ќе биде отворена до 30 август. Тој посочи дека за овој проект решил да изработи серијал на дела со кои ќе го истакне значењето на скулптурите од мал формат, бидејќи овој формат е посебна мерка и критериум во достигнувањето на креативните можности на еден автор. - Склуптуралните објекти на оваа изложба се во суштина просторно поставени во некава циклична повторливост на формите и се стремат кон бескраен континуитет на физичко постоење.Претставените апстрактни,конструктивни скулпторски дела, богати се со неисцрпен енергетски потенцијал во изразување на субјективната визија, вели авторот на овие дела Милошески, кој додава дека во нивната затворена или отворена морфологија доследно носат компактни карактеристики на линиска цврстина и рационализам во изведбата. Според скулпторот, тие се повеќедимензионално меѓусебно поврзани и заеднички се помагаат и надополнуваат во својата примарна намера да остварат одржливост во просторно и сореално коегзистирање,нагласи дека низ работата на овој вид уметнички дела ја преферирал поставката дека скулптурата е уметност на просторот. Инаку, Милошески има организирано над 20 самостојни изложби а бил учесник и на 70 групни изложби, добитник е на повеќе награди и признанија.за/фф/

Остани поврзан