• понеделник, 23 декември 2024

Противпожарна Кавадарци: Во гаснењето на пожарот кај Сирково многу помогнаа жители на селото

Противпожарна Кавадарци: Во гаснењето на пожарот кај Сирково многу помогнаа жители на селото

Росоман, 18 август 2024 (МИА) - Во гаснењето на вчерашниот пожар кај росоманско Сирково, многу помогнаа жители на селото, информираат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Оттаму велат дека станувало збор за еден од поголемите пожари ова лето. Доколку не бил изгаснат навреме, ќе бил и еден од поризичните. 

Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.

- Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци гаснат пожари низ целата држава а со тоа сме едни од поискусните кога станува збор за гаснење на пожари на отворено. Тоа што го доживеавме ни ја врати вербата во човештвото која за жал полека не напушташе. Кога го примивме повикот за настанат пожар знаевме дека станува збор за нешто сериозно. Веднаш се прати целата смена, се повикаа сите приправни пожарникари, се побара помош од Ј.П Македонски шуми, Ј.П Комуналец, МВР. Кога нашите сили пристигнаа на терен, таму веќе беа организирани 15-20  жители од Сирково со метли и трактори кои правеа пресеки и се бореа со огнените стихии. Браво за нив. Да не беше нивната пожртвуваност, ќе гасневме на тој терен неколку дена, а нивните жители ќе дишеа загаден воздух за тоа време, соопштуваат од Противпожарната единица која делува на територија на кавадаречка и росоманска општина. 

Притоа се нагласува дека најважно било што никој не побарал помош од жителите, тие сами се организирале во одбрана на своето село и околината, па затоа им се изразува благодарност. свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан