Протест на париските уметници, бараат отворање на театрите (видео)
- Неколку илјади француски уметници денеска протестираа пред затворените театри, настапувајќи и барајќи од владата да им дозволи да работат. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно нај
Париз, 15 декември 2020 (МИА) - Неколку илјади француски уметници денеска протестираа пред затворените театри, настапувајќи и барајќи од владата да им дозволи да работат. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека театрите може повторно да се отворат од 15 декември, но тоа беше променето поради влошувањето на епидемиолошката состојба.
Демонстрантите продефилираа покрај затворената оперска куќа во центарот на Париз со џиновски танцувачки кукли, тапани и труби, со цел да го свртат вниманието на суштинската важност на културата, дури и за време на пандемија, пренесуваат британските медиуми.
-Културата е дел од човештвото, од она што не дефинира, изјави Маурисио, кој протестираше носејќи триметарска кукла на рамениците.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека театрите може повторно да се отворат од 15 декември, но тоа беше променето поради влошувањето на епидемиолошката состојба.
Британските медиуми најавуваат дека новиот планиран датум за повторно отворање на културните институции сега е јануари. сд/