• петок, 27 декември 2024

Протест на жителите на општина Пустец, бараат огревно дрво

Протест на жителите на општина Пустец, бараат огревно дрво

Дебар, 18 ноември 2023 (МИА) - Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум" .

Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.

-Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.

Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.

- Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.

Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа". вт/бак/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан