• недела, 22 декември 2024

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Прилеп, 27 ноември 2020 (МИА) - На протестот што ВМРО-ДПМНЕ вечерва го организираше во центарот на Прилеп беше нагласено дека политиката на власта е сервилна и ги доведе Република Македонија и македонскиот народ пред тешки моменти.

Протестот се одржа со пароли и со автомобили низ улиците на градот.

Според Дејан Проданоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за прилепчани најсвето се борците и народните херои и сега се тргува со Народноослободителната борба.

-Сервилната и предавничката политика на власта ги доведе Република Македонија и македонскиот народ пред тешки моменти, пред бришење. Сега тргуваат со најсветото. Особено за нас прилепчани, а тоа се нашите борци од Народноослободителната борба. Се тргува со илјадници знајни и незнајни херои кои својот живот го положиле за борбата против бугарскиот фашистички окупатор и придонесле за слободата на Македонија. Еве прашувам оттука, каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18-мина во масакрот кај „Дабница“. Од кого биле убиени народните херои Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифоски Питу и другите 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ, рече Проданоски.

Проданоски ја нагласи заложбата на ВМРО-ДПМНЕ дека е доста, како што рече, со распродажбата на нашите идентитет, јазик, култура, традиција.ем/скс/

Остани поврзан