• недела, 17 ноември 2024

Протест во Струмица против новите мерки за Ковид-19

Протест во Струмица против новите мерки за Ковид-19
Струмица, 15 август 2021 (МИА) - Под мотото „Марш за слобода и еднакви права“ вечерва во Струмица се одржа протест против новите мерки за Ковид-19. Учесниците побараа да не се посегнува со имунизирање на децата под 18 години и од 1 септември да се вратат нормално во училишните клупи, како и да не се прави индиректна финансиска штета на компаниите со мерките. Како што беше кажано, инфицираните со Ковид-19, со создаден природен имунитет, да се третираат исто како имунизираните со вакцина и никој да не биде ставен во ситуација да прави избор меѓу вакцина и работно место, за што апелира и Европскиот совет. Граѓаните сметаат дека мерките што ќе се применуваат од утре се дискриминаторски и нелогични и со нив луѓето се наведуваат на задолжителна имунизација против Ковид-19. рт/бак/

Остани поврзан