• сабота, 21 декември 2024

Протест во Мадрид поради амнестија на каталонските сепаратисти

Протест во Мадрид поради амнестија на каталонските сепаратисти

Мадрид, 3 ноември 2023 (МИА) - Неколку илјади демонстранти денеска повторно се собраа во главниот град на Шпанија за да искажат незадоволство поради планираната амнестија на каталонските сепаратисти, пренесе ДПА.

Протестот го организира шпанската опозициска Народна партија (ПП).

- Во името на Шпанија, ставете крај на оваа глупост, извикуваше лидерот на опозицијата Алберто Нуњез Фејо од ПП пред демонстрантите собрани во паркот на Храмот Дебод.

Според организаторите, се собрале околу 15.000 учесници, додека полицијата го процени бројот на демонстрантите на околу 8.000.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се согласи на преговори со каталонската партија Јунтс на сепаратистичкиот лидер Карлес Пуџдемон со цел да обезбеди гласови во парламентот за негов реизбор.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со пароли „Санчез во затвор“ и „Санчез предавник на татковината“. 

Протестите почнаа откако претставници на шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Санчез и Пуџдемон во саботата започнаа доверливи разговори во Швајцарија за решавање на долгогодишниот конфликт. Првиот состанок „мина добро“, рече по средбата преговарачот на ПСОЕ, Сантош Сердан.

Пуџдемон сака Каталонија да се отцепи од Шпанија, додека Санчез сака да го спречи тоа и да го смири конфликтот преку дијалог и отстапки.

Јунтс инсистираше разговорите со ПСОЕ да бидат следени од неутрална организација која ќе ги потврди можните резултати и ќе го следи нивното спроведување.

Дипломатот од Ел Салвадор, Франциско Галиндо Велез, ќе биде посредник за време на разговорите и ќе го потврди можниот исход, објави во саботата ПСОЕ.са/

Фото: Х (Твитер)

 

 

Остани поврзан