• сабота, 06 декември 2025

Протестот на грчкиот остров Родос против пристигнувањето на крузер со израелските туристи

Протестот на грчкиот остров Родос против пристигнувањето на крузер со израелските туристи

Атина, 28 јули 2025 (МИА) – Тензично и со приведени демонстранти заврши протестот на грчкиот остров Родос, организиран против пристигнувањето на крузер со туристи од Израел, јави дописничката на МИА од Атина.

Демонстрантите извикуваа „Слобода за Палестина“ и имаа плакати со пораки „Стоп за геноцидот“; „Слобода за Газа“ и слики од деца од Газа, изразувајќи го нивното несогласување за политиката на Израел.

Според медиумите од островот, во крузерот имало околу 650 туристи од Израел, а со оглед на тоа што протестот беше претходно најавен, зголемени биле безбедносните мерки и присуството на полицијата.

Мали тензии имаше кога демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до пристаништето и местото каде што се закотви крузерот.

Ваков протест, против пристигнувањето на израелските туристи, минатиот вторник се одржа и на Сирос, каде што крузерот го напушти пристаништето и го продолжи крстарењето без туристите да го видат островот. ср/

Остани поврзан