• вторник, 19 ноември 2024

Протести во Кенија поради изградба на нуклеарна централа во туристички и еколошки центар

Протести во Кенија поради изградба на нуклеарна централа во туристички и еколошки центар

Килифи, 12 октомври 2024 (МИА) – Десетици луѓе протестираа во Кенија поради намерата на владата да изгради нуклеарна централа во еден од главните крајбрежни туристички центри во земјата, во кој се наоѓа шума што е на пробната листа за светско наследство на УНЕСКО.

Електраната би требало да биде изградена во градот Килифи, на околу 522 километри југоисточно од главниот град Најроби. Многу жители отворено се противат на предлогот, загрижени за негативните ефекти врз луѓето и животната средина, што доведе до серија демонстрации кои понекогаш прераснаа во насилни.

Килифи е познат по своите недопрени песочни плажи каде посетителите можат да нуркаат околу коралните гребени или да гледаат птици во шумата Арабуко Сококе, природно живеалиште за зачувување на ретки и загрозени видови.

Изградбата на нуклеарната централа од 1.000 мегавати треба да почне во 2027 година и да биде оперативна до 2034 година, што ќе чини 500 милијарди кениски шилинзи (3,4 милијарди евра). јт/

Фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан