• недела, 22 декември 2024

Просечната плата во Република Српска покрива само половина од потрошувачката кошничка

Просечната плата во Република Српска покрива само половина од потрошувачката кошничка

Бања Лука, 24 септември 2024 (МИА) - Синдикалната потрошувачка кошничка во Република Српска (РС) за август оваа година изнесуваше 2.615,25 конвертибилни марки (1.341 евра), а просечната плата покрива 53,95 проценти од неа, соопшти Сојузот на синдикати на РС.

Просечната нето плата во РС исплатена во август изнесуваше 1.411 КМ (723,5 евра) и е помала за пет марки (2,56 евра) во споредба со просечната плата исплатена во јули.

Највисоката просечна плата во РС во август е исплатена во областа на финансиските дејности и осигурувањето и изнесува 1.830 КМ (938 евра), додека најниската плата ја добиле работниците во градежништвото – 1.118 КМ (573 евра).

Синдикалната кошничка ги вклучува трошоците за храна, станарина и комунални услуги, одржување на домот, облека и обувки, хигиена и здравствена нега, транспорт, образование и култура. Според соопштението, семејствата во РС најмногу пари потрошиле за храна – 1.182 КМ (606 евра). ссм/

фото: архива

Остани поврзан