• вторник, 05 ноември 2024

Прорускиот градоначалник на Мариупол преживеа обид за атентат

Прорускиот градоначалник на Мариупол преживеа обид за атентат
Киев, 20 август 2022 (МИА) - Лидерот на проруската и сепаратистичка администрација во окупираниот Мариупол, Костијантин Ивашченко преживеа обид за атентат за време на посетата на Зоолошката градина, објавија руските медиуми. Петро Андриушченко, помошник на украинскиот градоначалник на Мариупол, ја потврди веста на Телеграм. - Имаше обид да се убие Ивашченко во Мариупол. За жал, не беше многу успешен. Но, ова е само почеток, напиша на Телеграм, Андриушченко. Порталот „Новости Донбас“ ги пренесе изјавите на новинарите на руската државна телевизија дека Ивашченко бил во автомобил кога експлозивна направа експлодирала на влезот во Зоолошката градина во Мариупол. ми/

Остани поврзан