• петок, 05 декември 2025

Пропадна трансферот на Ендрик во Реал Сосиедад

Пропадна трансферот на Ендрик во Реал Сосиедад

Мадрид, 5 август 2025 (МИА) - Реал Сосиедад речиси постигна договор со Реал Мадрид за позајмица на напаѓачот Ендрик, но договорот пропадна поради повредата на фудбалерот, објави новинарката Аранча Родригез на социјалната мрежа X.

Според Аранча, 19-годишниот Бразилец сега ќе остане во мадридскиот клуб, со кого има договор до 2030 година. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 35 милиони евра.

Во јули, Еендрик се повреди и беше надвор од терените повеќе од два месеца.

Во сезоната 2024/25, Ендрик одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и имаше една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан