• понеделник, 01 јули 2024

Пронајдено телото на Наја Ривера

Пронајдено телото на Наја Ривера
Лос Анџелес, 14 јули 2020 (МИА) - Телото на глумицата Наја Ривера е пронајдено по шестдневна потрага во езерото Пиру во Калифорнија, соопшти денеска полицијата. Ривера (33), инаку позната по улогата во популарната мјузикл-серија „Хор" (Glee), исчезна во средата откако отишла на рекреативно пловење на езерото заедно со својот четиригодишен син. Момчето потоа било пронајдено само на туристичкиот брод. Шерифот Бил Ајуб изјави дека нема индиции дека смртта била насилна или дека глумицата се самоубила. Синот на Ривера рекол дека таа отишла да плива и никогаш не се вратила.  си/сд/

Остани поврзан