• среда, 31 јули 2024

Пронајдени 319 стебла канабис во Пехчевско

Пронајдени 319 стебла канабис во Пехчевско
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Во атарот на пехчевското село Негрево, вчера во 11:30 часот, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, пронашле 319 стебла на растението канабис. -Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/са/

Остани поврзан