Пронајдена рачна бомба во куќа во Градско
- Во СВР Велес на 26 јули во петокот во 12 часот било пријавено дека во куќа во Градско, градежни работници кои извршувале градежни работи пронашле рачна бомба, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Велес, 28 јули 2024 (МИА) - Во СВР Велес на 26 јули во петокот во 12 часот било пријавено дека во куќа во Градско, градежни работници кои извршувале градежни работи пронашле рачна бомба, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Таа појаснува дека пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата. ад/сст/
фото МИА архива