• вторник, 24 декември 2024

Промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот Владетелки на Балканот

Промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот Владетелки на Балканот

Скопје, 5 август 2024 (МИА)  – Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, заедно со соработниците од Археолошкиот институт од Белград и координаторот DIGI.BA од Сараево денеска во Европската куќа во Скопје ќе ги промовира VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот „SHELeadersVR“ (Владетелки на Балканот) поддржан од програмата Креативна Европа.

Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан.вј/вг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан