• вторник, 24 декември 2024

Промоција на стрип-албумот „Аегри сомниа“ во Виница

Промоција на стрип-албумот „Аегри сомниа“ во Виница
Виница, 30 септември 2022 (МИА) - Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вечерва ќе биде промовиран стрип-албумот „Аегри сомниа“ на докажаните и едни од најактивните стрип-автори во државата Дарко Богданов (цртеж) и Александар Стеванов (сценарио). Станува збор за антологиско збирно издание составено од кратки стрипови, со кое се заокружува досегашната соработка на авторите која е започната во 2012 година и претставува нивни прв заеднички стрип-албум, иако и двајцата автори досега веќе имаат реализирано поголем број стрип-публикации. Насловот на изданието, кое во превод значи сон на болниот човек, алката која ги поврзува стриповите во албумот е преклопувањето на две димензии. - Во овие седум кратки приказни се поместуваат границите помеѓу реалноста и сонот, свесното и несвесното, сето тоа претставено на еден по малку надреалистички и симболичен начин, создавајќи една целина, изјави Дарко Богданов. Стрип-албумот е самостојно издание на авторите и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од Годишната програма од национален интерес за 2020 година. цр/мд/

Остани поврзан