• петок, 05 декември 2025

Промоција на поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски

Промоција на поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - Во спомен собата Браќа Миладиновци на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе биде промовирана поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски. Експерименталната постмодерна поема од Стефан Марковски „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ е во издание на издавачката куќа „Полица“. Оваа „екстрамодерна“ и „апартна“ поема си подигрува со границите на сето она што го чини креативниот процес, „стрелата на времето“ и еволутивниот творечки и технолошки развој, модалитетите на создавањето и пишувањето, дури и оние на авторството во еден роланбартовски хиперреален постмодернизам, каде како автор на едно книжевно-уметничко дело може да се јави, макар и симболично или метафорички, „вештачкоинтелигентен софтвер“. дма/са/  

Остани поврзан