• среда, 24 април 2024

Промоција на новата книга на Румена Бужаровска, „Господ, па Америка“

Промоција на новата книга на Румена Бужаровска, „Господ, па Америка“

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Издавачкиот центар ТРИ вечер организира промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“. Промотор ќе биде Ивор Мицковски.

Како што велат од ТРИ, за есеите веќе има одѕив од домашните и од авторите од регинот. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“, се посочува, го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството, а целиот настан, според издавачот, ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество.

-По досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска ја збогатува домашната литература со збирка есеи. Неоспорен е успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик..., , наведува ТРИ. мч/вг/

фото: ФБ на Румена Бужаровска

 

 

Остани поврзан