• недела, 18 август 2024

Промоција на книгата ,,Врисок од далечината" од Марија Црвенковски попладнево во Кавадарци 

Промоција на книгата ,,Врисок од далечината

Кавадарци, 18 август 2024 (МИА) - Книгата ,,Врисок од далечината" од Марија Црвенковски ќе биде промовирана попладнево во 16 часот, во дворот на Моклишкиот манастир ,,Свети Никола" кај кавадаречкото село Ваташа. Станува збор за нејзина седма книга, втора во проза, откако претходните пет беа поезија.

- Веќе 40 години живеам во Австрија. Животниот пат ме однесе далеку од родната земја, но јас никогаш не ја заборавив и постојано и постојано и се враќам. Негувањето на македонскиот пишан збор е уште еден показател на мојата љубов кон мојот роден крај. ,,Врисок од далечината" е токму производ на носталгија кон овие простори, а во него има и автобиографски моменти, иако целото дело не е класична автобиографија, појасни таа за МИА. 

Црвенковски нагласи дека ќе пишува додека може, затоа што тоа е начинот на кој таа ги упатува своите пораки кон светот. Сега е пензионерка и половина од времето во годината го минува во Кавадарци, а половина во Австрија. свд/дма/


Фото : Марија Црвенковски 

Остани поврзан