Промоција на две нови книги на Коста Петров
- Писателот Коста Петров денеска во кафе барот „Филхармонија“ во Скопје ќе ги промовира своите две нови книги „Сè што би сакал да знаев порано“ и „ЈАС и ТИ“, во издание на издавачката куќа „Три“.
Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Писателот Коста Петров денеска во кафе барот „Филхармонија“ во Скопје ќе промовира две нови книги „Сè што би сакал да знаев порано“ и „ЈАС и ТИ“, во издание на издавачката куќа „Три“.
-На оваа промоција откриваме животни лекции сместени во две сосем различни приказни, напишани на различен начин, а со иста цел – поддршка и самопоттик. Овој пат, освен во длабоко искрените приказни од својот живот, авторот се посветува и на будење на чувството за самосвест и самољубов кај децата. И двата наслова се занимаваат со темата на себеприфаќањето, напоредно со помирувањето со своето минато, велат од издавачката куќа.
Книгите се сè уште во претпродажба. Илустрациите на сликовницата се дело на Љупка Стојкова, а низ приказната нè води суперхеројот од детството на Коста Петров.бт/лв/
Фото/ Издавачка куќа „Три“