• сабота, 23 ноември 2024

Промовиран речник со поими од медиумската писменост за наставниците со игровни активности

Промовиран речник со поими од медиумската писменост за наставниците со игровни активности

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Во ООУ „Мирче Ацев“ - Ѓорче Петров, Скопје е промовиран речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот.

Авторите на овој речник и игровни активности Елена Апостолова, Гордана Анастасова и Добри Јовевски, денеска апелираа до медиумите и вработените во медиумите да ги користат македонските термини, наместо да користат англицизми.

Во речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми.

- Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат значајна помош во реализацијата на содржини од медиумска писменост за полесно да им објаснат на учениците што е тоа интернет, дигитален простор ,апликација,икона, емотикони,гиф.... Уште поголема поддршка за наставниците претставуваат игровните активности со помош на кои учениците ќе ги усвојуваат и применуваат новонаучените поими како на пример кликбејт - обично е потресен или сензационалистички наслов каде насловот и содржината на текстот не се совпаѓаат односно лажна информација за да измами или лажно да наведува, се наведува во соопштението од авторите на овој речник.  

Речникот и игровните активности, нагласува таа, се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик- медиумска писменост на македонски јазик“, како субгрантиран проект на Do not MIS/DIS TechCamp Ohrid во организација на Стејт Департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД. цр/

Фото: авторите на речникот

 

Остани поврзан