• вторник, 05 ноември 2024

Промовирани дипломците и магистрите на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје

Промовирани дипломците и магистрите на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Во Македонската опера и балет, во присуство на амбасадори, градоначалници, претставници од државите институции, родители и студенти, вчера се одржа промоцијата на четиринаесеттата генерација дипломци и на дванаесеттата генерација магистри на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, во својот говор истакна дека Универзитетот за туризам и менаџмент седумнаесет години создава знаења и генерира успешни кадри во областа на туризмот и на менаџментот, две клучни области за развојот на нашата земја. Посочи дека дипломците на Универзитетот се врвни професионалци, кои работат во реномирани компании на високи менаџерски позиции. Според него, одговорност на секоја генерација е да изгради подобра иднина за своите деца и внуци. Најдобрата дипломка на Универзитетот, Марија Спиркоска нагласи дека Универзитет е уникатен по многу нешта, а најмногу по пријателскиот и колегијален однос на професорите. Особено е горда на својата диплома зашто е признаена во целиот свет. За најдобрата магистерка Марија Стоилковска-Божиноска, Универзитетот е бренд синоним за иновативност и за квалитет, лидер во високото образование, но и за вредности како етичност и професионалност во работата. Истакна дека со гордост ќе го претставува својот Универзитет преку високите стандарди до кои ќе се држи на своите работни места. На настанот беше изведена балетската претстава „Simply the best“, во кореографија на Олга Панго, која во седум слики ги претстави моментите што се помнат од образовниот процес – да се биде прваче, матурант, дипломец.фф/са/

Остани поврзан