• петок, 05 декември 2025

Промовирана стихозбирката „Гласот на тишината“ од Смилана Василевска

Промовирана стихозбирката „Гласот на тишината“ од Смилана Василевска

Велес, 30 април 2025 (МИА) – Во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше промвирана третата стихозбирка на авторката Смилана Василевска од Скопје која скоро 50 години живее во Струмица. Таа стихозбирката ја посветува на својот сопруг Иван Василевски поет и новинар дописник на многу југословенски медиуми меѓу кои и Танјуг, а потоа и на МИА од Струмица, кој се пензионира во 2013 година, а почина во 2015 година. Промотори беа писателката Даница Лепојевиќ и професорката и поетеса Соња Карбева.

 Даница Лепојевиќ во своето обраќање истакна дека низ страниците на оваа стихозбирка особено се чувствува темата на љубовта – длабока, искрена и посветена љубов која авторката ја чувствувала кон својот сопруг. Но, како што рече, наспроти таа љубов, се провлекува и болката – тагата како неизбежен спроводник на загубата.

Професорката Соња Карбева поезијата на Смилана Василевска ја окарактеризира како длабока емотивна приказна за љубовта и за тагата.

-Поезијата сместена меѓу кориците на оваа збирка поезија е само навидум едноставна. Да, стилот е лесен, не е премногу оптоварен со непрепознатливи игри на зборови, сложени стилски фигури и јазични експерименти. Мислата е чиста и така е пренесена, за да може да допре до сечие срце. Тоа е така затоа што емоциите конзервирани во овое стихови се чисти и искрени. Затоа што песните не се пишувни за да импонираат на книжевните критичари, туку во нив да остане дел од нејзината душа,од нејзините најдлабоки емоции, потенцира Карбева.

 Во своето обраќање до присутните, авторката Смилана Василевска лично откри дека по трагичната загуба на својот син, а потоа и на сопругот, токму тишината ѝ станала прибежиште и извор на сила.

-„Во тишината го најдов мирот. Таа ми даде сила да ги напишам моите три дела. Во оваа трета стихозбирка, „Гласот на тишината’, сум најгласна во искажување на најголемата болка која сум ја имала, потенцира  Василкова.

Таа претходно ги напишала автобиографската книга „Песната на гугутката во 2016 година и „Заточена светлина“ во 2023 година.

Во изјавата за МИА, авторката Смилана Василевска информира дека книгата е посветена на нејзиниот сопруг Иван Василевски кој беше врвен поет и ги доби највисоките поетски награди и долгогодишен дописник на сите позначајни агенции во Југославија како Танјуг, а потоа се вработи во МИА ,како дописник од Струмица од каде и се пензионира.

-Нашата разделба беше многу тешка и неочекувана и болката по него ја преточив во три стихозбирки. Во првата автобиографска „Песната на гугутката“ е тажна зашто таа тажи. Втората е „Заточена светлина“ , затоа што кога почина Иван мене и светлината ми се зема.Т ретата е „Гласот на тишината“која ја напишав во мојата викендица во местото Преведено  на 1200 метри надморска височина,кое е рајот на земјата, а каде се повлеков а каде се погребани и мојот сопруг Иван и мојот син и таму е и моето место по мојата смрт. Таму тишината ми даде сила и потстрек да издржам и каде болката ја преточив во стихови. Се што е напишано произлегува длабоко од мојата душа,појасни авторката Василевска.

Настанот беше збогатен со настап на малата балерина Искра Ивановска од Балетското студио „Анабела“ , а стихови од нејзината стихозбирка читаа учениците Димитар Кузманов и Ивана Милошева.

Инаку првата промоција Смилана Василевска  ја направи na 27 март годинава  во  Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“  во  Струмица на 10 годишнината од смртта на својо сопруг Иван Василевски. ад/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан