Променливо облачно со сончеви периоди и посвежо
![Променливо облачно со сончеви периоди и посвежо](https://new.mia.mk/images/20221108165053_big_730x400_81.webp )
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.
До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утре и во среда ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.