• вторник, 05 ноември 2024

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува
Скопје, 16 април 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови, а повремените врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе се прошири засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 23 степени. Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

Остани поврзан