• недела, 22 декември 2024

Променливо облачно, попладне со зголемена облачност и ветровито

Променливо облачно, попладне со зголемена облачност и ветровито
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 13 степени. Во четврток ќе има пообилни врнежи, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Остани поврзан