• понеделник, 29 април 2024

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди
Скопје, 27 септгември 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 11 степени, а дневната температура од 14 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 22 степени. До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец. Помалку услови за врнежи ќе има утре преку денот.

Остани поврзан