Пролетниот состанок на ММФ и Светска банка од 21 до 26 април во Вашингтон
- Пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ќе се одржи од 21 до 26 април во Вашингтон, со учество на гувернери на централни банки, министри за финансии и развој, претставници на приватниот сектор, невладини организации и академска заедница.

Вашингтон, 4 април 2025 (МИА) – Пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ќе се одржи од 21 до 26 април во Вашингтон, со учество на гувернери на централни банки, министри за финансии и развој, претставници на приватниот сектор, невладини организации и академска заедница.
На состанокот ќе се дискутира за глобалната економска перспектива, искоренувањето на сиромаштијата, економскиот развој и ефикасноста на меѓународната помош.
Генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, ќе ги претстави економските изгледи на 17 април, пред официјалниот почеток на состанокот.
На 22 април, ММФ ќе ја објави својата анализа „Светски економски изгледи“, која ќе биде презентирана од главниот економист Пјер Оливие Гуринша и директорката на истражувачкото одделение Дениз Иган. ссм/
Фото: МИА архива