Пролетна акција за дератизација, дезинсекција и дезинфекција во Општина Ѓорче Петров
- Акцијата, како што соопшти Општина Ѓорче Петров, опфаќа теренски активности на целата територија на општината, вклучително третман на 2.500 шахти со по два мамци за уништување на глодари, дезинсекција на јавни површини идератизација и дезинсекција на сите основни и подрачни училишта.
Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Општина Ѓорче Петров ја почна редовната пролетна акција за дератизација, дезинсекција и дезинфекција, со цел создавање почиста, побезбедна и поздрава средина за сите граѓани.
Акцијата, како што соопшти Општина Ѓорче Петров, опфаќа теренски активности на целата територија на општината, вклучително третман на 2.500 шахти со по два мамци за уништување на глодари, дезинсекција на јавни површини идератизација и дезинсекција на сите основни и подрачни училишта.

-Со акцијата се опфатени сите населени места: Дексион, Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, Даме Груев, Ново Село, Волково и Александрија, која од минатата година е дел од редовната пролетна дератизација, се наведува во соопштението.
Посебно внимание, како што велат од Општината, се посветува на образовните установи, со цел да се обезбеди здраво и безбедно училишно окружување за учениците. Активностите се спроведуваат од стручни екипи и надлежни служби, како дел од системскиот пристап на општината за унапредување на животната средина и заштита на јавното здравје.
-Грижата за здравјето и безбедноста на нашите граѓани, особено на најмладите е наша трајна обврска, рече градоначалникот Александар Стојкоски, осврнувајќи се на акцијата.
Општината апелира до жителите да бидат внимателни при движење во периодот на третманите и да соработуваат со екипите на терен за успешно спроведување на активностите. дма/са/
Фото: Општина Ѓорче Петров