• понеделник, 23 декември 2024

Производителите на соларни панели од ЕУ бараат заштита од кинеската нелојална конкуренција 

Производителите на соларни панели од ЕУ бараат заштита од кинеската нелојална конкуренција 

Брисел, 5 февруари 2024 (МИА) – Во пресрет на утрешниот старт на преговорите меѓу Европарламентот и земјите членки, претставувани од Советот на ЕУ, за Предлог-законот за индустрија со нулто ниво на емисии на штетни гасови, европските производители на соларни панели се заканија дека се подготвени да ги затворат своите погони, доколку Унијата не преземе „итни мерки за спас на секторот“. 

Организацијата на производителите на фотоволтаични панели, Европскиот совет за производство на соларна енергија (ЕСМЦ) во писмо упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен предупреди дека главните производители на модули за фотоволтаици во ЕУ се подготвени да ги затворат производствените линии, доколку навремено не се спроведат „значителни итни мерки“. 

Со предложениот закон, Европската комисија предвидува до 2030 година 40 отсто од соларните панели во ЕУ да се произведуваат во Европа, но индустријата наведува дека ваквата цел ќе остане неостварлива доколку не добие поддршка од Унијата, вклучително и откуп на нивните залихи, кои се натрупани во последниве години како резултат на понудата на европскиот пазар на поевтини системи од Кина. 

Во рамки на плановите поврзани со Европскиот зелен договор, ЕУ предвидува зајакнување на домашното производство на уреди за производство на енергија од обновливи извори, како соларни панели, турбини за електрани на ветер или топлински пумпи, со цел да се намали зависноста од Кина.  

Кинеските компании во моментов покриваат речиси 80 проценти од глобалното производство на системи за производство на соларна енергија. 

Платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија, со нејзините сончеви панели. Ова доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за независност од јагле

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, за денеска попладне е најавено дека ЕК ќе излезе со изјава за „Состојбата на соларната индустрија на ЕУ во светлината на нелојалната конкуренција“. 

На територијата на ЕУ се инсталирани системи за производство на соларна енергија со вкупен капацитет од околу 56 гигавати, а доколку сака нивно дополнително зголемување во рамки на плановите за декарбонизација на енергетскиот сектор и намалување на зависноста од кинеските модули, Унијата ќе мора да ја поттикне домашната индустрија, која во 2023 година произведе соларни панели со вкупен капацитет од шест гигавати. 

Поради ваквата состојба, дел од земјите членки, пред се Германија, предупредија дека доколку значително не се зголеми европското производство на панели, целите за проширување на капацитетите за соларна енергија ќе бидат неостварливи без увоз на модули од трети земји, пред се од Кина. 

Но, и покрај малиот обем на домашно производство, европскиот пазар на соларни панели е презаситен со понуди на модули, што резултираше со значителен пад на нивните цени. 

Според ЕСМЦ, во магацините и пристаништата ширум ЕУ во залиха стојат меѓу 140 и 170 милиони фотоволтаични модули, доволно за производство на 70 до 85 гигавати енергија, како последица на кинеската хиперпродукција на соларни панели.  

Во Владата денеска ќе бидат потпишани договорите за изградба на фотонапонска електрана по принцип на јавно-приватно партнерство во Осломеј од 100 мегавати.  

Асоцијацијата тврди дека кинеските компании ги продаваат фотоволтаиците по цени под трошоците на производство, па затоа европските производители не можат да ги продадат своите модули. Од тие причини, ЕСМЦ бара ЕУ да формира посебен фонд за откуп на нивните акумулирани залихи на соларни панели. Тој откуп, според ЕСМЦ, треба да опфати панели со вкупен капацитет од околу 800 мегавати енергија. 

Идејата е Европската комисија да создаде нов фонд од околу 200 до 250 милиони евра за откуп на овие панели, според моделот употребен при набавката на вакцини за време на Ковид пандемијата. 

Организацијата, исто така, како „последна опција“ би поддржала и воведување тарифи за увозот на соларни панели од Кина, мерка која беше користена во минатото, но, која според експертите во овој сектор, не донесе видливи резултати.  

Дополнително, експертите предупредуваат дека со мерки не протекционизам не ќе може да се обезбеди остварување на целите за намалување на температурите на глобалното затоплување за 1,5 до 2 степени.  

Според извештај на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, кинеските панели што во моментов се продаваат на пазарот во ЕУ се за околу 35 отсто поевтини од фотоволтаиците на европските производители. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан