• петок, 22 ноември 2024

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош

Струмица, 18 јули 2023 (МИА) - Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата.

Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол. рт/ир/

Фото: МИА архива

Остани поврзан