• вторник, 24 декември 2024

Продолжува обновата на бродот на Тито - „Галеб“

Продолжува обновата на бродот на Тито - „Галеб“
Риека, 25 август 2020 (МИА) - Завршија планираните работи на бродот „Галеб“ во бродоградилиштето „Виктор Ленац“ и утринава почна влечењето, односно враќањето на бродот до бродоградилиштето „Далмонт“ во Краљевица, каде ќе продолжи реновирањето и претворањето на бродот во музеј, соопшти градската управа во Риека. Во „Виктор Ленац“, „Галеб“ беше подложен на миење на подводниот дел од бродот, исцедување на преостанатите течности од резервоарите, промена на челичните плочи на подводниот и надводниот дел од надворешниот труп, чистење на вратилата, демонтирање на сидрата, затегнување и реставрација, како и заштита од корозија. Сѐ тоа траеше околу еден месец, пренесува агенцијата Хина. За реконструкцијата и претворање на „Галеб“, кој е заштитен како културно наследство, во бродски музеј со придружни комерцијални содржини, е одговорен Градот Риека. Тие добија околу 9,2 милиона евра од Европскиот фонд за регионален развој, во рамки на Оперативната програма за конкурентност и кохезија. си/сд/

Остани поврзан