• петок, 05 декември 2025

Продолжува испораката на огревните дрва за штипските пензионери

Продолжува испораката на огревните дрва за штипските пензионери

Штип, 23 септември 2025 (МИА) - До 1 октомври сите пензионери ќе бидат снабдени со дрва, прекинот со доставата на огревното дрво се решава, најави денеска Ристе Нетков, претседател на Здружението на пензионери во Штип. Според него, иако последниот период беше во застој испораката на огревното дрво ситуацијата сега се стабилизира и доставата е повторно во тек. Нетков потврди дека снабдувањето било одложено поради неочекуваните проблеми со пожарите, но сега процесот се одвива со многу поголем интензитет.

-Оваа година нашите пензионери се снабдуваат со огревни дрва преку нашето здружение. Досега динамиката на снабдување е одилчна со тоа што во последниот период има мал застој во снабдувањето со дабови огревни дрва, меѓутоа веќе од вчера состојбата се подобри и се надеваме дека до 1 октомври сите наши членови ќе бидат снабдени со количините потребни на огревни дрва. Па состојбите се општо познати тоа е настанатите пожари, кои беа во текот на летниот период, кои малку повеќе ги развлекоа снабдувањата со огревните дрва, меѓутоа и самите дистрибутери наидуваа на проблем, бидејќи имаат нерасчистени патишта за да дојдат до огревните дрва. Состојбата се стабилизира, а од вчера повторно се носат количините на дрва до пензионерите, изјави Нетков.

По цена од 4.100 денари за бука и 4.300 за даб се продаваат огревните дрва оваа година, додаде Нетков. Рече дека од оваа година пензинерите ги плаќаат дрвата од осум до десет рати во текот на годината. вдј/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан