• понеделник, 23 декември 2024

Продолжува изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Продолжува изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид втората фаза од изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, која ќе биде во должина од 4200 метри, пришто ќе бидат поставени и препумпни уреди.

-Како што информираше градоначалникот Георгиевски од почетокот на градежните работи досега се изградени 40 % од примарната мрежа. Тој додаде дека фекалната канализација од овој дел на населба Илинден ќе се поврзе со веќе изградениот колекторски систем за фекална канализација, кој е поставен на двете страни на главниот отворен канал кој минува низ населените места Илинден и Марино и фекалните води ќе се спроведат до излезот на насленото место Марино каде ќе отпочнеме активности за изградба на нова печистелна станица која ќе ги пречистува отпадните води, информираат од Општина Илинден. 

Според Георгиевски, инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден.

-Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски.

Овој дел од населба Илинден е еден од најниските делови од населбата и досега воопшто не беше третиран за работа, поради својата сложеност за изведба и проблематичноста во реализација на фекалната канализација.

За таа цел стручните служби изготвија нова комплетна техничка документација (основен проект и ревизија на истиот), која го опфаќа овој дел од населбата и која по својата изведба воопшто не е едноставна и лесна, бидејќи има работа и изведба на четири премини под автотпатот Скопје-Куманово, два премини под железничката пруга Скопје-Белград како и еден премин на главниот отворен канал кој минува низ центалниот дел на општината, како и работа на подрачје со високи подземни води. сст/

фото Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан