• понеделник, 23 декември 2024

Продолжува да се зголемува бројот на заразени со коронавирус во НБА екипите

Продолжува да се зголемува бројот на заразени со коронавирус во НБА екипите
Бостон, 20 март 2020 (МИА) - Четири НБА клубови - Лос Анџелес Лејкерс, Бостон Селтикс, Филаделфија 76-ерс и Денвер Нагетс - објавија за први случаи на заразени играчи и тренери со КОВИД-19. Засега, името на само еден од заразените е јасно - бекот Маркус Смарт од Бостон Селтикс. Смарт во видео пораката рече дека бил тестиран пред пет дена, но дури сега ги добил резултатите. Во овој 120-часовен период, тој се ставил во изолација во својот дом и ќе продолжи сè додека не биде добро. Лос Анџелес Лејкерс откри дека двајца играчи во нивниот состав се, исто така, болни со новиот вирус. Сепак, нивните имиња не се откриваат. Најлоша е ситуацијата во Филаделфија 76-ерс, каде се заразени три лица. Филаделфија исто така избра да остане доверлива и не ги откри имињата на пациентите, без разлика дали се кошаркари, тренерски персонал или помошен персонал. Само за еден случај досега пријавуваат од Денвер, при што претставникот на клубот Колорадо беше тестиран на 16 март и се става во карантин. Во последниве денови, серија играчи во НБА се заразија со КОВИД-19. Болеста најпрво беше откриена во Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез, потоа во Кристијан Вуд од Детроит Пистонс, а пред два дена од страна на Бруклин Нетс потврдија за четири случаи, од кои еден е sвездата Кевин Дурант.

Тагови

Остани поврзан