• недела, 06 октомври 2024

Продолжува гаснењето на пожарот на грчкиот остров Тасос

Продолжува гаснењето на пожарот на грчкиот остров Тасос
Атина, 11 август 2022 (МИА) - Противпожарните сили што од синоќа интервенираат во гаснењето на пожарот во источниот дел на грчкиот остров Тасос се засилени со пожарникари од повеќе делови на Грција, а во справувањето со огнената стихија, помага и армијата, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот пожар е во планински непрооден дел и сè уште не е ставен под контрола, а утрово, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во приморското село Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија. Според противпожарната служба на Грција, интервенираат 185 пожарникари со 15 пешадиски тима и 38 возила, осум авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, два хеликоптери и три камиони од армијата, а помагаат и пожарникари волонтери, како и цистерни и возила од општините. Синоќа на островот пристигнаа 69 пожарникари со четири пешадиски тима од северна Грција, денеска пристинаа уште 40 пожарникари, од кои 30 од Атина, а дополнително ќе пристигнат уште 67 пожарникари со 11 возила од други делови на земјата. ср/ссм/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан