• вторник, 05 ноември 2024

Продолжува асфалтирањето на улици во беровско Двориште

Продолжува асфалтирањето на улици во беровско Двориште
Берово, 17 март 2022 (МИА) - Со асфалтирање на улици во центарот на беровското село Двориште се заокружуваат градежните активности во рамки на проектот „Македонија без кал”. Од општината информираа дека со реализацијата на овие активности значително е подобрена патната инфраструктура во селото Двориште. - Со реконструкцијата на улиците во село Двориште, се обезбeдува поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места, земјоделците добиваат подобар пристап до своите имоти и до градот, ќе се подобри локалната патна инфраструктура и значително се подобрува квалитетот на живот на жителите на село Двориште, истакнаа од општината. Како што посочија од општината, проектите се реализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски. - Примарен фокус на овој проект е регионалното поврзување со посебен прироритет на локалните патни правци. Целта е забрзан локален развој и модернизација на македонските општини, додадоа од општината. Во досегашниот дел од проектот „Македонија без кал" во селото Двориште, извршена е реконструкција на асфлатни патишта со должина од 3300 метри, со вкупна вредност , од околу 400 илјади евра.вс/фф/

Остани поврзан