• понеделник, 23 декември 2024

Продолжи протестот на судската администрација

Продолжи протестот на судската администрација

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) – Судската администрација и денеска продолжи со протест со кој бараат зголемување на платите.Од Независниот сидникат на судската администрација велат дека штрајкот ќе биде во мирување, но, во случај да не им се исполнат барањата ќе го активираат, со што ќе настане блокада во судството.

- Штрајкувачкиот одбор во знак на добра намера штрајкот го стави во мирување. Сѐ со цел да се даде простор преку преговори да се најде решение за нашите барања. Но, ако надлежните не покажат слух и не одговорат на нашите барања, ќе го активираме штрајкот и ќе има тотална блокада на судството, велат оттаму.

Од Синдикатот велат дека не бараат нешто посебно од Министерство за финансии, туку средствата „кои се доделени со закон“. Имено, во Законот за судски буџет во член 4 е предвидено дека заради функционирање на судската власт се утврдува износ од најмалку 0,8 проценти од Бруто домашниот производ. Тие 0,8 проценти ние не ги добивме, каде отидоа тие пари? Државниот завод за ревизија  излезе после нашата прес-конференција со информација дека тие пари Владата ги потрошила за себе. Од финансиите на судот, они си ги потрошиле за себе, соопштија на денешната прес-конференција од Независниот синдикат на судска администрација.

Оттаму дополнуваат дека со ниските плати нема да работат на амнестиите.

- Амнестиите нема да ги работиме ние. Со 18 000 плата записничар, со долгогодишно работно искуство, 20 000 денари доставувач со по 20 години работно искуство и 28 000 стручен соработник, ниту амнестии, ниту едно судење нема да дозволиме ако го активираме штрајкот, велат тие.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници.

Протестни собири на судската администрација се одржаа и во други градови. ар/лв/

ФОТО/МИА

Остани поврзан