• недела, 14 април 2024

Продолжението на „Bird Box“ на Нетфликс во јули

Продолжението на „Bird Box“ на Нетфликс во јули

Барселона, 29 мај 2023 (МИА) - Нетфликс објави трејлер за продолжението на „Со затворени очи“ (Bird Box). Оригиналната приказна екранизирана 2018 година, е сместена во САД и следи мајка на две деца (Сандра Булок) која се бори за опстанок во апокалиптичен свет...

Трилер-драмата во режија на Сузан Биер, е заснована на романот на Џош Малерман од 2014 година, а вториот дел којшто не ја следи првичната приказна, и е наречен „Со затворени очи: Барселона“ (Bird Box Barcelona), го следи она што се случува со епидемијата во Шпанија. Новиот филм е на шпански и англиски јазик и ќе биде достапен на стрим-платформата од 14 јули.

Сценариото и режијата се на Алекс и Давид Пастор, а главните улоги ги толкуваат Марио Касас, Џорџина Кембел, Диего Калва, Алекандра Хауард, Наила Шуберт, Патрик Криадо, Гонзало де Кастро, Мишел Џенер и Леонардо Сбараља.

„Со затворени очи“ пред пет години постигна 282 милиони часови гледаност за првите четири недели. Единствениот филм што го надмина досега, е „Црвено известување“ (Red Notice) со 328,8 милиони часови гледаност за три недели.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан