• сабота, 16 ноември 2024

Продадени 20.000 виртуелни билети за мечот Вардар – Пелистер

Продадени 20.000 виртуелни билети за мечот Вардар – Пелистер

Скопје, 12 февруари 2021 (МИА) – Вкупно 20.000 виртуелни билети се продадени на два дена до неделниот натпревар на Вардар на домашен терен против Пелистер во Првата македонска фудбалска лига, во рамки на акцијата за финансиска помош за најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Зад акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ стои навивачката група „Комити“, која неодамна започна со продажба на виртуелни влезници во обид финансиски да му помогне на клубот пред кој е неизвесна иднина.

Навивачката група вечерва на социјалните мрежи објави дека станува збор за „рекорден број на продадени билети за натпревар од Првата македонска фудбалска лига“, додавајќи дека акцијата продолжува. ег/оџ/

Остани поврзан