• сабота, 23 ноември 2024

„Продавница на чесноста“ во Швајцарија

„Продавница на чесноста“ во Швајцарија

Женева, 22 март 2023 (МИА) - Гимелвалд е мало село во јужна Швајцарија, на надморска височина од 1.363 метри, до коешто се стигнува само со жичарница. Токму овде се наоѓа и „Продавницата на чесноста“, што според официјалната интернет-страница на пансионот во чиишто рамки таа работи, е прва од ваков вид во Европа.

„Оваа 'Продавница на чесноста' е првиот селски трговски објект во Швајцарија и Европа што целосно зависи од довербата и чесноста на купувачите. Самите го земате она што го сакате, ставате соодветна сума пари во плико, го ставате во приложената кутија за чесност и се чувствувате добро поради тоа!“, се вели во описот на пансионот „Гимелвалд“.

„Фората“ е во тоа што оваа продавница нема продавачи, камери, ни каков било надзор.

А, тука се нуди домашна рачна изработка, сувенири, храна и пијалаци. Многумина на интернет-просторот го фалат тој концепт, а други пак, велат и оти имаат слични продавници или фарми, како и дека тоа најверојатно нема да функционира на некои други места. си/

Фото: Пиксабеј.

Остани поврзан