Пробиштип и Свети Николе го одбележаа Денот на независноста
- Во Пробиштип и Свети Николе денеска беше одбележан Денот на независноста. Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека Република Северна Македонија денеска одбележува 31 г
Пробиштип/Свети Николе 8 септември 2022 (МИА) - Во Пробиштип и Свети Николе денеска беше одбележан Денот на независноста. Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека Република Северна Македонија денеска одбележува 31 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
- Годинава славиме 78 години слободен Пробиштип. Со длабок наклон им се одаде достојна почит на паднатите борци од страна на делагација на Совет на општина Пробиштип, делегација на општина Пробиштип, Делегација на Продолжувачи на делото на народноослободителната борба, Делегација на здружение на старосни пензионери, политички партии, вели Анастасов.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев истакна дека по повод Денот на независноста, преставници од локалната самоуправа, институции, здруженија на граѓани и политички партии од Свети Николе положија цвеќе пред споменикот на загинатиот бранител Александар Серафимов и пред паднатите борци во втората светска војна. вдј/дма/