• петок, 08 ноември 2024

Притвор за разбојникот кој пред една недела нападна гостиварка

Притвор за разбојникот кој пред една недела нападна гостиварка
Гостивар, 4 октомври 2022 (МИА) - Мерка притвор од триесет дена вчера попладне доби А.М.(19) од Гостивар. Тој е осомничен дека извршил разбојништво и од Основниот суд Гостивар е спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.
Од СВР Тетово информираат дека осомниченото момче било уапсено на 2 октомври 2022 година во 20 часот и 10 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар.
- А.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека на 24-ти минатиот месец околу 20 часот и 50 минути, во станбена зграда во Гостивар, физички ја нападнал 45-годишната гостиварка Х.Б. и заканувајќи и се со остар предмет се обидел да и ја одземе чантата, наведуваат од СВР Тетово.
По основите на сомнение со судска наредба беше извршен претрес во неговиот дом и при тоа беа пронајдени и одземени за вештачење повеќе предмети поврзани со ова кривично дело.
згм/мд/

Остани поврзан