• среда, 26 јуни 2024

Припадници на специјалните сили на Армијата следеа обука за нуркање во Грција

Припадници на специјалните сили на Армијата следеа обука за нуркање во Грција
Атина, 9 септември 2021 (МИА) – Основна и напредна обука за нуркање следеа припадниците на силите за специјални операции на Република Северна Македонија, што се одржа од 30 август до 8 септември 2021 година во местото Неа Перамос во близина на Атина, соопштија од Генералштабот на грчката армија, јави дописничката на МИА од Атина. Обуката била спроведена од обучувачи на Команда за специјално војување на  Генералштабот на грчката Армија во рамките на Програмата за воена соработка меѓу двете земји од 2021 година,  а исто така е дел и од меѓународната соработка на грчките специјални сили со пријателски и сојузнички земји. Од Генералштабот на грчката армија, во соопштението додаваат дека со обуката, се „нагласува придонесот на грчките специјални сили во поддршката на конкретната земјата во рамките на развојот и прилагодувањето на нејзините одбранбени способности согласно барањата на Алијансата“. ср/дма/ Фото: Генералштаб на грчката Армија

Остани поврзан