• понеделник, 23 декември 2024

Принцот Хари со улога во „Томас и пријателите" (видео)

Принцот Хари со улога во „Томас и пријателите
Лос Анџелес, 28 април 2020 (МИА) - Принцот Хари е дел од прославата на 75-от роденден на цртаниот главен лик во филмот „Томас и пријателите“. Имено, британскиот благородник ја имаше честа да ја најави специјалната епизода од ТВ емисијата. Хари го направи тоа седејќи во фотелја, со препознатливата сликовница „Томас и кралската локомотива“ в рака. Цртаниот јунак Томас „оживеа“ 1945 година, прво како лик од книгата „The Railway Series“ на британскиот свештеник и писател Вилберт Одри и неговиот син Кристофер. Потоа следеше и детска ТВ емисија првпат емитувана во 1984 година, а трае и денес. Јубилејната епизода ќе се прикажува низ светот од 1 мај на Нетфликс. си/гт/ https://www.youtube.com/watch?v=L4lrgy1Iwoo

Остани поврзан