• понеделник, 23 декември 2024

Принцезата Шарлин со месеци не е во Монако

Принцезата Шарлин со месеци не е во Монако
Монте Карло, 9 септември 2021 (МИА) - Принцот од Монако, Алберт, по неколкумесечни гласини за наводни проблеми во бракот, проговори за неговата сопруга, принцезата Шарлин - „најтажната жена во светот“, како што ја нарекоа некои медиуми на денот на нивната венчавка. Шарлин со месеци е во родната Јужна Африка, а последен пат била видена во Монако во јануари годинава. - Таа не го напушти Монако ненадејно. Таа не замина затоа што ми беше лута на мене или на некој друг. Отиде таму за да ја прегледа работата на нејзината фондација и заради малку слободно време со својот брат и пријателите, објасни принцот Алберт за списанието „Пипл“. Но, тој додава дека иако посетата требало да трае една недела, таа морала да остане поради „болест и медицински компликации“. Медиумите претходно пишуваа дека Шарлин и принц Алберт, наводно, се разведуваат.  си/гт/

Остани поврзан