• понеделник, 23 декември 2024

Прилеп субвенционираше 395 граѓани за нови велосипеди

Прилеп субвенционираше 395 граѓани за нови велосипеди

Прилеп, 20 јули 2023 (МИА) - Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои купија нови велосипеди, во рамки на мерката за подобрување на квалитетот на животната средина.

Право на аплицирање, по јавниот повик, имаа сите граѓани кои купиле нов велосипед од 12 јуни до 12 јули годинава и поднесоа соодветни документи за надоместување на дел од трошоците за купување велосипед.

Градските власти за оваа намена од локалниот буџет издвоија два милиона денари. Секој беше финансиран во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари. Субвенционирањето се одвиваше по принципот прв дојден, прв услужен и траеше до исцрпување на предвидените средства или до завршувањето на рокот за поднесување, како што беше случај оваа година.

- Целта е стимулирање на граѓаните на Прилеп за користење на велосипедот како превозно средство, особено низ градот, со што значително би се придонесело кон зачувување на животната средина и намалување на загадувањето предизвикано од сообраќајот, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Оваа мерка е дел од проектите на Прилеп за подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на луѓето. ем/цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан