• петок, 22 ноември 2024

Приказните и бајките се корисни за децата

Приказните и бајките се корисни за децата
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Луѓето, додека се деца, сонуваат за лесен живот, богат, среќен и не многу полн со работа, задачи и обврски. Реалноста, најчесто е спротивна - повеќето луѓе работат релативно многу и минуваат низ десетици, илјадници предизвици, со што сепак, се стекнува големо искуство и мудрост. Во таа смисла, и сказните, приказните и бајките, сепак, се исклучително поучни и полезни за децата. Тие нѐ учат на: Одговорност, самостојност, независност Сѐ додека детето живее со родителите, тие се грижат за битните работи, а животот му е мирен и безгрижен. Но, кусо потоа си велиме: „Еј, се секирав дека имам двојка по Географија, а со што се соочувам сега...“ Одеднаш детето има 18 години, свој стан, а свои сметки и обврски, и сѐ друго низ што минуваат сите. Ова е прва лекција - дека мора да се потпреме, пред сѐ - на себеси и дека никој не е должен да ни го прави животот лесен и удобен. Кога ќе ја прифати таа одговорност, животот на човекот, всушност, станува и попријатен. Упорност, верба, истрајност Успешните луѓе имаат одредена предност пред другите. Веројатно се поупорни во остварувањето на целите и помала е веројатноста да се откажат кога некој од нивните напори ќе наиде на пречка. Но, да можеш да се откажеш и да кажеш - не е важно, но и „да се собереш“ емотивно, да го издржиш привременото „нарушување“ или „тешко време“ (какви што секој доживува) и да продолжиш понатаму - тоа секако нѐ прави посилни лчности. На крајот на краиштата, животот оди само во една насока - напред. Емпатија и сочувство Колку и да сме успешни, ако сме сами во нашиот успех, тој е нецелосен. Човекот е општествено суштество и има потреба да споделува - и своите достигнувања и тешкотиите. Освен тоа, човекот мора да работи и на својата емпатија - способноста да се стави на местото на другите луѓе, со нивните емоции и искуства - тоа нè прави духовно побогати и всушност ни помага да ги живееме нашите животи со достоинство и смисла - да им помогнеме на другите, кога можеме, на оние на кои им требаме, да сочувствуваме со туѓите чувства, па дури и кога не се согласуваме со нив, да бидеме подготвени да ги чуеме... Се разбира, напишани „на парче хартија“, овие лекции звучат лесни за учење... Но всушност, треба многу време, искуство и директен судир со животот за човекот да се убеди дека овие работи се важни. А, како да ги пренесете на децата? Тешко дека ќе се успее целосно, но добар почеток е да им се читаат приказни - тие се полни со вакви лекции, макар и претставени на волшебен начин. Важно е детето уште од најмала возраст да го слушне она што следи натаму во животот... Дел од сè тоа можеби нема да го сфати сериозно, но некаде во нивните мисли ќе се вгнездат основните начела коишто ќе го направат подобар и повреден човек.  си/ссм/

Остани поврзан